ЕДНА ОД НАПРЕДНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ФИЛТРИРАЊЕ НА ВОДАТА Е КДФ ТЕХНОЛОГИЈАТА
Со истражувањата да се дојди до посовршен начин на филтрирање на водата, се чини дека КДФ технологијата се наметна сама од себе кој можи да се употребува коко пред третман на водата, а во некои случаи можи да биде и главен тртман на водата.
ШТО Е ТОА КДФ ?
КДФ е високо прочистувачка легура на Cu – Zn (бакар и цинк) поточно формула која ги редуцира загадувачите со употреба оксидациско – редукциска (редокс) реакција.
КДФ технологијата преку хемиска реакција ги разменува електроните помеѓу молекулите на легурата и загадувачите претворајќи ги во безопасни компоненти.
На пример Cl (Хлорот) се трансформира во растворлив хлорид,
Растворливите железни катјони се трансформираат во нерстворлив железо хидроксид и хидроген сулфидот е трансформиран нерасторлив бакар сулфид. Сите добиени нерастворливи продукти лесно се одстарнуваат со периодично промивање. Легурата е идеален додаток на гранулиран активен јаглен, бидејќи јагленот го отстранува хлорот од површината хемиски, што всушност им овозможува на бактериите да се развијат. Но легурата со помош на редокс процесите создава електролитичко поле што е смртоносно за некои микроорганизми. Исто така создава и хидроксилни радикали и водороден пероксид кои го намалуваат дејството на некои други микроорганизми. Практично го зголемува капацитетот на јагленот што е многу важно бидејќи тој не е рециклирачки, а легурата е.
Легурата како најефикасна се покажала при прочистување на хлорот , тешките метали, железото, водородниот сулфид и во контрола на микроорганизмите во водата за пиење без употреба на хемикалии.
ЖЕЛЕЗО (Fe), една петтина од земјината кора е составена од железо. Како што дождот ја наврнува замјата, тој ги растворува и ги носи во резервите на подземната вода. Токму ова железо е т.н. чисто железо. Кога оваа вода ќе дојде на површината на земјата и доаѓа во контакт со кислородот од воздухот, чистото железо оксидира и преминува во кафеав загадувач кој ги обојува тоалетите, кадите, алиштата и ги прави пиењето и готвењето со вода од чешма непријатно. Истовремено може да ја кородира и секоја метална површина со која доаѓа во контат(водоводни цевки, грејачии сл.)
За да се избегне кородирањето на водоводниот систем многу градови употребуваат полифосвати за да го апсорбираат раствореното железо. Но полифосватите всушност се други загадувачи и нивното дејство е специфично. Се распаѓа хемискиот комлекс од полифосватите и железото за време од 48-72 часа, или при високи температури. Затоа се препорачува можноста за одстранување на железото без користење на други хемикалии. Тоа го нуди КДФ процесот – кога раствореното железо доаѓа во контакт со КДФ легурата железото оксидира но останува во цврста состојба повторно. КДФ процесот е едноставен, не се додава никакви хемикалии во вашата вода за пиење и не е скап во однос на користење на полифосватите.
ХИДРОГЕН СУЛФИД
Се формира во подземната вода кога бактеријата ја разложува вегетацијата и другите органски материи. Дури и во концентрации помали од 0,01 ППМ(PPM) можи да се осети мирис на расипано јајце така да карактеристиката на хидроген сулфидот е многу очигледна. Освен карактеристичниот мирис треба да се укаже и на високата корозивност што може лесно да ги оштети проводните уреди како и домашните апарати. Постојат повеќе начини за отстранување на хидроген сулфидот од доводот на вода. Многу големи општини сметаат на вентилационите и дегасификационите системи што многу е скапо за мали јавни употреби. Друга алтернатива е да се употреби хлорот за да го изгоре (оксидизира) хидроген сулфидот претварајќи го растворлив во вода, без мирис, хидроген сулфат. За жал процесот троши огромна количина на хлор, изложувајќи се на опасноста од формирање на трихалоген метаните во количина над дозволениот лимит. Додека КДФ редокс легурата може да го елиминира хидроген сулфидот претварајќи го во нерастворлив сулфид, инертен, безопасен кој можи да се одстрани со физичка филтрација. Акомулираната количина на овој ресипиенд може да се исплакне од филтерот со обично миење.