ЗОШТО Е НЕОПХОДНО ДА Е ФИЛТРИРАТЕ ВОДА ?
ЧОВЕКОТ ВО ТЕКОТ НА ЖИВОТОТ ПИЕ ПРЕКУ ВОДАТА ПОВЕЌЕ ОД 70 КГ КАМЕН !!!
ДЕЛ ОД НЕОРГАНСКИ ХЕМИСКИ МАТЕРИИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ
КАКО НЕОРГАНСКИ ХЕМИСКИ МАТЕРИИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ СЕ: АЛУМИНИУМ, АНТИМОН, АРСЕН, БАКАР, БАРИУМ, БОР, ЦИЈАНИД, ЦИНК, ФЛУОР , КАДНИУМ, КАЛЦИУМ, КАЛИУМ, МАГНЕЗИУМ, МАНГАН, НАТРИУМ,ОЛОВО, ЖИВА
* АЛУМИНИУМ Al – дозволена концентрација е 0,2 мг/л. Во поголема количина негативно влијае на функциите нанервните клетки од мозокот.
* АРСЕН As – неговото присуство во водата го предизвикуваат отпадоците од фармацевската индустрија, индустрија за бои и употреба на пастициди. ПРЕМНОГУ Е КАНЦЕРОГЕН. Акутно труење со арсен предизвикува промена во нервниот систем, органите за варење и дишните органи.
* ЦИЈАНИД – се јавува како последица на индустрискиот отпад во водата. Спаѓа во многу отровниматрии. Максимално количество во водата за пиење изнесува 0,05 мг/л. Присуството на цијанид во водата доведува до промена во тироидната жлезда, нервниот систем и органите за варење.
* ФЛУОР F – Максимална дозволена вредност на флуорот во вода за пиење изнесува 1,2 мг/л. Поголема количина предизвикува флуороза на коските (вредност поголема од 6 мг/л. Количина над 2 мг/л доведува до флуороза на забите (промена за забниот камен). Поголема количина од 6 мг/л можи да предизвика и смрт.
* ОЛОВО Pb – Максимална дозволена вредност на оловото во вода за пиење изнесува 0,01 мг/л. И тој спаѓа во групата на многу отровни материи, а предизвикува КАРЦИНОМ. Труењето со олово предизвикува полинеуритис (запаление на нервите), енцефалопатија (заболување на мозокот), анемија, пореметувања во желудникот и цревата. „Оловото во водата за пиење е закана број еден од околината за здравјето на децата“ Американска Агенција за Заштита на Околината “ЕПА.
Веднаш после хлорот, оловото е највообичаениот загадувач откриен во водата од славина. Оловото во водата за пиење обично се создава на патот кој водата го поминува додека да пристигне во домаќинствата, што значи третманот во филтерската станица не е логичен ниту практичен. Најмногу олово доаѓа од оловните цевки, оловните врски на цевките и од бакарните уреди во нашите домови. Сите хромирани превлаки на месинг и бакарни уреди содржат од 8% до 15% олово. Американската Агенција за Заштита на Околината“ЕПА” пресмета дека 98% од домаќинствата имаат цевки, уреди или приклучни места кој можат да испуштаат одредено количество на олово во водата од чешма. Од “ЕПА“ е откриено и препознаено дека не постои безбедна количина на олово во водата за пиење. И било кое ниво има штетно дејство на здравјето, посебно кај малите деца. Дури и мало ниво на олово предизвикува намален коефициент на интелигенција‚ тешкотии при учењето и проблеми во однесувањето како што е хипертензија и намалена коцентрација кај децата. Често овие ефекти се долготрајни и неповратни.
* ЖИВА Hg – Максимална дозволена вредност на Жива во вода за пиење изнесува 0,001 мг/л Во поголема количина го оштетува нервниот систем и мозокот, срцевиот мускул, доведува до проблеми со бубрезите и моќните канали, негативно влијание има на кожата и предизвикува паѓање на косата.
* КАДНИУМ Cd – Спаѓа во канцерогени материи. Се акомулира во бубрезите. Биолошко време на полураспаѓање се движи ос 10 до 35 год. Се јавуваат класични бубрежни симптоми – проблеми, додека во мокраќата (урината) има присуство на белковини и шеќер.
* АЗОТНИ МАТЕРИИ – од здравствен аспект гледано во водата проблеми прават нитратите и нитритите како и амоњакот.Нитрати односно нитритите који настануваат од нитрати се причинител на метхемоглобинемија најопасно за бебињата до три месеци. Појавата на нитрати во водата предизвикува нејзин лош квалитет. Спаѓаат во групата канцерогени, отровни и мутагени материи. Присуството на амоњакот во водата ни алармира дака нетретираната вода е загадена и несоодветно третирана.-дезинфицирана. Влијае негативно на мирисот и вкусот на водата.