А) Нејзиното ВИСОЧЕСТВО, вода!
Водата НЕ ја ужива популарноста на зелениот чај, антиоксидансите и најновите диети, но таа самата има поголемо значење за човековото тело.Како што знаеме, телото е изградено од околу 70% вода, а тоа е доволен индикатор дека таа учествува во секој процес и состав, како здрава кожа, коса и нокти, контролирањето на телесната температура, крвниот притисок и брзината на работата на срцето.
Можете да бидете целосно хидрирани во текот на денот ако пиете вода и други течности, како и одреден вид на храна која хидрира.
КАДЕ Е НАЈПОВЕЌЕ ЗАСТАПЕНА ВОДАТА?
♦ Овошјето е одличен извор на вода, Лубеницата е 90% вода и е рангирана највисоко од сите други овошја. Портокалите, цитроните, како и дињата се со голем состав на вода.
♦ Зеленчукот иако не е толку содржаен со вода како овошјето, тој исто така може да Ви обезбеди солидна хидратација. Целерот,краставицата, доматите и пиперките се одлични извори на вода.
♦ Важата исхрана се состои од многу скриени извори на вода. Зголемете го внесувањето јогурт и супа.
♦ За оние кои трошат многу вода, млекото е одлична замена да ја надополнат потрбната количина.
♦ Кафето и чајот беа сметани како дехидратори, но митот беше разбиен по низата научни испитувања. Иако кофеинот што го содржат делува дуеретички, односно исфрла течности од телото, сепак и тие спаѓаат во хидратски течности.
♦ Алкохолот е ГОЛЕМ дехидратор. Доколку пиете тоа треба да го правите заедно со вода. 1 чаша алкохол – 1 чаша вода.
Б) ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ за водата
Оваа драгоцена течност е еден од основните фактори за живот. Ќе прочитате неколку занимливости врзани за ова хемиско соединение составено од 2 атоми…водород и 1 атом кислород што сочинува 71% од површината на Земјата.
- Во една лажичка вода има исто толку молекули колку што има лажички вода во Атлантскиот Океан…
- Атлантскиот Океан сочинува 23% од вкупната површина покриена со морска вода, а Тихиот Океан дури 48%.
- Бизоните не можат да потонат никако колку и да се тешки. Нивната глава, грб и опашка секогаш остануваат над површината на водата.
- Едно од чудата кое во 16-ти век довело до канонизација на Света Бриџита од Ирска е нејзината способност од својата вода за бањање да направи пиво за свештениците.
- ‘Water Pump’, ‘Dead Fish’ и ‘All American’ се имиња за три основни стилови за ракување.
- Светската уметничка Анн-Кристин Антман во 1996 дизајнирала анорак (ветровка со капуљача) од кожа од лосос која откако била потопена во човечка урина станала потполно отпорна на вода.
- …“Тоа е метода која во Шведска ја користеле уште во камено време“, појаснила подоцна Анн Кристин. “Смрдеата исчезнува штом ја исперете кожата во вода“.
- За време на прославата за Нова Година во Камбоџа е забрането користење пиштоли на вода.
- Според Оксфордскиот речник глаголот “to leep“ значи да исперете нешто со кравји измет и вода.
- Истражувањата покажале дека златните рипки подобро помнат ако се во ладна, а не во топла вода.
– Водородот е запалив гас, кислородот го поддржува согорувањето, но во комбинација ја сочинуваат водата која се користи за гаснење пожар?
– ако количината на вода во човековото тело се намали за 1%, човекот чувствува жед?
В) ВОДАТА Е НАРЕЧЕНА И СИНОТО ЗЛАТО
Водата т.н. „синото злато“ е материја која значи живот. Без вода не може природата, ниту пак растенијата, животните и човекот. Водата го одржува земјоделието и индустријата! Водата ја одржува енергијата! Водата ѝ обезбедува опстанок на нашата планета Земја!
Од тие причини ви презентираме неколку интересни, зачудувачки и алармантни факти за водата, и тоа:
– Согласно Резолуцијата на ООН од декември 1992 година, 22 март стана светски ден на водата. ООН од 2005-2015 година ја прогласи за декада на водата со цел да укаже на значењето на заштита на водата!
-Површината на планета Земја има дури 70% вода, од која само 0,7-1 % е вода подобна за пиење!
-3/4 од земјината површина се покриени со вода, и тоа 2,5% е слатка вода, а останатите 97,5% е солена вода! Резервите на слатка вода не се рамномерно распределени- Азија ги има најмногу а Австралија најмалку!
-68,9% од водата се наоѓа во глечерите, 30,8% зафаќаат подземните води , а пак 0,3% се океани, мориња, езера и реки. Атлантскиот Океан сочинува 23% од вкупната површина покриена со морска вода, а Тихиот Океан дури 48%!
-Сите животни и растенија се состојат од вода: рибите имаат 75% вода, медузите имаат 99% вода, лубеницата содржи 90%, доматот содржи 90% вода, краставицата содржи 95% вода!
-Над 60% од човековото тело е вода. Крвта на човекот 92% е вода, над 75% од мозокот и мускулите се состојат од вода, а коските над 20% се вода. Конкретно над 80% вода има во телото на едно новороденче, а пак над 70% вода има во телото на возрасен човек!
– 80% од мозокот на човекот се состои од вода! Водата е важна и во пренесувањето на ензимите и протеините, а учествува и во отстранување на слободните радикали кои го оштетуваат мозочното ткиво. Затоа водата е важна како за подобра ментална функција и поголема концентрација така и за детоксикација на организмот!
-Човек без храна може да издржи повеќе од 1 месец, а без вода може да живее најмногу 1 недела!
– Секоја индивидуа треба да пие најмалку 8 чаши или 2 литри вода дневно! Докажано е дека здрав човек може да испие и до 48 чаши дневно, а дека прекумерното конзумирање на вода може да предизвика коматозна состојба !
– Потребно е да има 200.000.000 литри вода во секунда за да се создаде доволно храна која ќе ги задоволи потребите на нашата планета Земја!
– Потрошувачата на вода по глава на жител покажува дека најмногу вода се троши во САД (150 литри дневно), потоа во Европа (66 литри дневно), а најмлаку во Африка(5 литри дневно).
Во Африка луѓето пешачат по 6 часа за да дојдат и наполнат вода!
-Во минатиот век бројот на светска популација двојно се зголеми, а пак потрошувачката на вода се зголеми за шест пати!
-15-20% вода кој се користи ширум светот не е за домашна потрошувача, туку за извоз!
-1/3 од светската популација живее во средини каде нема доволно вода. Денеска дури 1.4 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода, а предвидувањата покажуваат дека до 2025 година дури 2/3 од светската популација ќе биде без вода!
-Заради недостиг на вода или недоволна санитарна хигиена умираат над 40.000 луѓе неделно, од кои 90% деца на возраст под 5 години!
Конкретно, секоја 6 секунда во светот умира по едно дете токму заради овој проблем!
– Денеска дури 85% од болестите во светот може да им се препишат на небезбедната вода или на недоволната санитарна хигиена!
-Водата е вистински лек за многу болести! Водата ја превенира главоболката, особено кај лицата што страдаат од мигрена, како и појавата на камен во бубрезите. Најмалку 7 чаши вода дневно се потребни за да го намалите чувството на болка. Воедно, пиењето најмалку 5 чаши вода дневно го намалува ризикот од рак на дебело црево за 45%, ризикот од рак на дојка за 79% или пак рак на мочниот меур за повеќе од 50 %!
-Водата е одлична за витка линија! Ако наместо засладени пијалоци пиете вода може да изгубите 3-5 килограми во една година без никаква диета. Водата помага при согорување на калории, а има 0 калориска вредност! Истражувања покажуваат дека луѓето кои пијат 2 чаши вода пред јадење внесуваат 70-90 калории помалку!
-Водата му дава енергија на телото! Ако сте жедни, тоа сигурно значи дека вашето тело веќе дехидрирало. Дури и блага дехидрација ќе го успори вашиот метаболизам најмалку за 3%.
Само кога телото има доволно вода, која ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото, нивото на енергија ќе биде големо и вие ќе немате чувство на замор!
-Водата помага подолго да вежбате. Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето!
-Водата допринесува за поголем сјај на кожата! Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе добие здрав и младешки изглед!
-Водата ги штити зглобовите на начин што го одржува балансот на синовијалната течност! Ако се намали синовијалната течност ќе се намали и амортизацијата на зглобовите и тие можат да станат подложни на разни оштетувања.
-Водата штити од кариес! Водата го одржува лачењето на плунката во нормални количини, Променетиот состав на плунката може да допринесе и до создавање на забен камен.
– Водата се среќава во три агрегатни состојби: течна, гасна (водна пареа) и цврста (мраз). Водата во процесот на замрзнување има интересни тансформации, така на -120°C станува растеглива, а на -135°C станува т.н. „стаклена вода“! Дотолку повеќе што топлата вода побргу замрзнува од ладната, причина за тоа може да биде фактот дека топлата вода повторно се лади, испарува, замрзнува или пак разредените гасови во самата топла вода!
Ова беа само некои позначајни факти кои ви ја покажаа моќта на водата и бенефициите кои од неа ги има човештвото и природата!
Прочитајте уште неколку интересни факти поврзани со водата
Г) ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПОВРЗАНИ СО ВОДАТА
Сите знаеме дека водата е нешто без кое не може да опстане ниту едно живо суштество и е најмногу значајна за човекот, но има неколку интересни факти кои се поврзани со водата, кои ги издвоиме за вас, а се надеваме дека не сте слушнале за нив. За време на летниот период, кога температурите го достигнуваат својот максимум, најдобро нешто кое што го направила природата, а го користиме за освежување и нормално за да преживаееме, е водата. Сите знаеме дека водата е нешто без кое не може да опстане ниту едно живо суштество и е најмногу значајна за човекот, но има неколку интересни факти кои се поврзани со водата, кои ги издвоивме за вас, а се надеваме дека не сте слушнале за нив.
1. Звукот патува 15 пати побрзо под вода, отколку во воздух.
2. Просечниот човечки мозок содржи околу 78% вода.
3. Сунѓерот добира повеќе ладна, отколку топла вода.
4. Жирафите и стаорците можат да издржат повеќе време без вода, отколку камилите.
5. Игуаната може да остане во вода околу 28 минути.
6. Атлантскиот океан е посолен одколку Пацифичкиот.
7. Се чувствуваме жедни кога телото ќе изгуби 1% вода.
8. Топлата вода замрзнува побрзо отколку ладната.
9. Бананата содржи 75% вода.
10. Дождот го содржи витаминот Б12
11. После Хаваи, Њујорк е државата која најмногу е опкружена со вода.
12. 96% од краставицата е вода.
13. Телото на медузата е 95% вода.
14. Не постојат реки во Саудиска Арабија.
15. Делфините може да слушаат под вода од растојание на 24км.
16. Просечен бран од цунами во Пацификот е висок 6-9 метри.
17. Горилата и жирафите не знаат да пливаат.
18. Најмногу езера има Канада.
19. Камилите можат да испијат 94 литри вода за помалку од 3 минути.
20. Секој ден од Мртвото море испаруваат 8,5 милиони тони вода.
21. Просечната температура на водата со која се бањаме е 38°C.
22. Човекот пие околу 60.566 литри вода во текот на својот живот.
Во текот на еден ден низ бубрезите минува 180 л телесна течност.
23. Кога хидрогенот гори, во воздухот се создава вода.
24. Сончевите зраци навлегуваат во водата во длабочина од 73 метри.
25. Првиот лек кој се растварал во вода бил аспиринот, продаден во 1900 година.