Повеќе од МИЛИЈАРДА луѓе немаат ВОДА за ПИЕЊЕ !!!!!
Од 1993 година, светот го одбележува 22 март како ден посветен на значењето на водата, со цел да се подигне јавната свест за оддржување на безбедноста на слатката вода, како и оддржливо управување со изворите на водата за пиење.
- Под мотото „Соработувај за безбедна вода“денеска се одбележува Светскиот ден на водата – 17 март.
- На овогодинешното одбележување акцент се става на значењето на соработката воуправувањето на ограничените ресурси на вода во светот.
- – Светската здравствена организација, квалитетот на водата за пиење го категоризира во дванаесетте основни показатели наздравствената состојба на жителите на една земја, со што се потврдува нејзината значајна улога во заштитата и унапредувањето на здравјето.
- Годинава целта на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, освен пораката што ја носи Светскиот ден на водата, е отворање нови канали на комуникација и соработка за управување со водите во светот кој сé повеќе ги зголемува барањата за достапност, алокација и одржување на изворите на слатка вода. Затоа апелирам до граѓаните да ја чуваме водата за генерациите кои доаѓаат, истакна Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје на Република Македонија.
Декадата 2005-2015 година се одбележува под слоганот “Вода за живот”.
Оваа година одбележувањето на Светскиот ден на водата во Македонија се одвива во координација со Националната Канцеларија на УНЕСКО.
– Овој ден, всушност, е повик за акција на целото човештво дека сите мора да се здружиме и заедно да работиме за заштита, обнова и подобро управување со природните ресурси со цел да обезбедиме чиста вода, а со тоа и храна за секој граѓанин на светот, сега и во иднина, рече Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната канцеларија на УНЕСКО во Република Македонија.
- Дел од денешната манифестација беа и македонските производители на пакувана вода кои се претставија со свои штандови. Волонтерите на Црвениот крст за времетраењето на настанот дистрибуираа вода до случајните минувачи во населбата Аеродром. Програмата содржински беше збогатена со учество на жонглери и музички настапи, како и претставување на уметнички дела на учениците од сите основни училишта во општина Аеродром на тема „Соработувај за безбедна вода“.Институтот за јавно здравје на РМ по повод овој ден, а во име на значењето на водата за оддржување на доброто здравје, заедно со претставникот на УНЕСКО и производителите на пакувана вода како партнери донираа пакети вода во пензионерскиот дом во населба Аеродром.
Денес е светскиот ден на водите, а оваа година се одбележува под слоганот „ ВОДА ЗА ГРАДОВИТЕ: Одговор на урбаниот предизвик“
За време на Конференцијата за животна средина и развој во 1992-та година, било предложено да се одреди посебен ден – ден на водите.
Така, Генералното собрание на Обединетите нации го назначиле 22 март 1993 како прв Светски ден на водите.
Секоја година на овој ден се потенцира одреден специфичен аспект на слатката вода.
Во 2004 година била наречена „ВОДА и КАТАСТРОФИ“, во 2005 година „Вода за живот 2005-2015“, во 2006-тата „ВОДА И КУЛТУРА“.
Во 2007 година акцентот бил ставен на ДЕФИЦИТ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ и затоа била наречена „СПРАВУВАЊЕ СО ДЕФИЦИТ ЗА ВОДА“, додека 2008 била посветена на санитацијата.
Оваа година Светскиот ден на водите е посветен на водата и урбанизацијата, под слоганот „Вода за градовите: Одговор на урбаниот предизвик“,а фокусот е ставен на влијанието на брзиот раст на популацијата, индустријализацијата и неизвесностите предизвикани од климатските промени, конфликтите и природните катастрофи врз водоснабдителните системи во градовите.
Податоците на Обединетите Нации покажуваат дека повеќе од една милијарда луѓе немаат постојан пристап до чиста вода за пиење, а до 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода што може да доведе до период кога ќе се војува поради питка вода.
Обединетите Нации периодот од 2005 до 2015 година го прогласија за десетлетие на водите.