АКВА ФИЛТЕР КО е водечка фирма во Европа за пласман на еколошки системи за третирање на водата со најсовремена технологија. Покрај уредите за домаќинствата фирмата е специјализирана и за индустриски постројки, хотели, пекари и сл. Корпорацијата НОБЕЛ има претставништва во 19 земји во Западна и Источна Европа. Со работа во Македонија започна во 2002 година, со фирма која ги покрива активностите во Македонија, Албанија и Косово. На цело ова подрачје досега АКВА ФИЛТЕР има монтирано преку 1800 системи за прочистување на вода, по пат на реверзна осмоза. Овластена сервисна служба врши вградување и редовно сервисирање на уредите. Во изминатиот период системи на НОБЕЛ се вградени во голем број училишни и предучилишни објекти, а најголеми акции за вградување на овие системи беа во Босна и Херцеговина, и Косово под спонзорство на Меѓународната заедница. Нашите уреди со системот на предфилтери и главно прочистување преку реверзна осмоза, од водата ќе ги отстранат механичките нечистотии, хлорот, тешките метали, хербицидите, пестицидите, вирусите, бактериите и друго.
Ви гарантираме дека водата која поминува низ нашите уреди ги задоволува сите највисоки светски норми за вода за пиење.