“УШТЕ ПРАТАТКОТО НА МЕДИЦИНАТА ХИПОКРИТ ГО ЗАБЕЛЕЖАЛ ВЛИЈАНИТО НА ВОДАТА ПО ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ ПРЕПОРАЧУВАЛ ДА СЕ ПРЕВРИЕ ВОДАТА СО ЦЕЛ ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕ НА НЕКОИ ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ.”
ФРАНЦУСКИОТ НАУЧНИК ЛУЈ ПАСТЕР (1822-1895)
ЗАКЛУЧИЛ ДЕКА ДУРИ 90 % ОД БОЛЕСТИТЕ Е ДИРЕКТНО ПОВРЗАНО СО НЕИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ.”
ЗОШТО Е ЧИСТАТА ВОДАТА НАЈВАЖНИОТ ПИЈАЛОК ЗА ЧОВЕКОВИОТ ОРГАНИЗАМ?
ПРОЦЕНТУАЛНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ВОДАТА ВО ОРГАНИЗМОТ
ТЕЛО КРВ МОЗОК МУСКУЛИ КЛЕТКА
70% 85% 80% 75 % 90%
” ИНФОРМАЦИИТЕ ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВИКААТ ДЕКА ВОДАТА Е РАНГИРАНА ВО ПРВИТЕ 12 МЕСТА КАКО ОСНОВЕН ИДИКАТОР ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ЛУЃЕТО. СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊАТА (WAO) 80% ОД СОВРЕМЕНИТЕ БОЛЕСТИ Е ДИРЕКТНО ПОВРЗАНА СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ.”
А. ФИЗИЧКО- ХЕМИСКИ ОСОБИНИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
ВО ФИЗИЧКО- ХЕМИСКИТЕ ОСОБИНИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВЛЕГУВААТ:
ТЕМТЕРАТУРАТА, БОЈАТА, МАТНОСТА, МИРИСОТ, ВКУСОТ, ТВРДИНАТА, КИСЕЛОСТА –
ПХ НА ВОДАТА.
а) ТЕМПЕРАТУРАТАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ СЕ ДВИЖИ ОД 8 ДО12° С
ДОКОЛКУ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ВОДАТА Е ПОГОЛЕМА – ПОТОПЛА СТАНУВА БЛУНТАВА ЗА ПИЕЊЕ. ТАКВАТА ВОДА ВО ПОГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ ГИ РАЗБЛАЖУВА ЖЕЛУДНИКОВИТЕ И СОКОВИТЕ ОД ЦРЕВАТА ШТО ДОПРИНЕСУВА ЗА РАЗВОЈ НА ПАТОГЕНИ БАКТЕРИИ. АКО ВОДАТА Е МНОГУ ЛАДНА ЈА ИРИТИРА СЛУЖОКОЖАТА ОД ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ И МОЖИ ДА ПРЕДИЗВИКА КАТАР.
б )БОЈА– ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Е БЕЗ БОЈА. ДОЗВОЛЕНА ОБОЕНОСТ Е ДО 10° ОД ПЛАТИНОКОБАЛТНА СКАЛА.
в) МИРИСОТ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ТРЕБА ДА Е БЕЗ МИРИС – НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОБИЧНО ПОТЕКНУВА ОД РАСПАЃАЊЕ НА ОРГАНСКИ МАТЕРИИ ИЛИ ПРИСУСТВО НА МИКРООРГАНИЗМИ.
г) ВКУС –КВАЛИТЕТНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ МОРА ДА БИДИ ПИТКА, ПРИЈАТНА И ДА ОСВЕЖУВА.
д) МАТНОСТ -ДОЗВОЛЕНА МАТНОСТ НА ВОДАТА ИЗНЕСУВА 1 NTU(NEFELOMETRISKA EDINICA). МАТНАТА ВОДА СЕ СМЕТА ЗА ЗАГАДЕНА.
ѓ) ТВРДИНА НА ВОДАТА ТВРДИНАТА ЗАВИСИ ОД КОЛИЧИНАТА НА РАСТВОРЕНИТЕ СОЛИ НА КАЛЦИУМОТ, МАГНАЗИУМОТ, АЛУМИНИУМОТ И ЖЕЛЕЗОТО(Ca, Mg,Al,Fe) ИСТАТА СЕ МЕРИ – ИСКАЖУВА ВО СТЕПЕНИ И ТОА (АНГЛИСКА, ФРАНЦУСКА, ГЕРМАНСКА). НАЈКОРИСТЕНИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ СТЕПЕНИ, А 1 (ЕДЕН ) СТЕПЕН НА ТВРДИНА ОЗНАЧУВА 10 mg CaO КАЛЦИУМОКСИД ВО ВО ЕДЕН ЛИТАР ВОДА. МЕКА ВОДА 4-8 dH , СРЕДНО ТВРДА ВОДА 12-18 dH, МНОГУ ТВРДА ВОДА 18-30 dH
pH ВРЕДНОСТА НА ВОДАТА ЈА ОЗНАЧУВА НЕЈЗИНАТА КИСЕЛОСТ. ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ТРЕБА ДА БИДИ НЕУТРАЛНА ПОТОЧНО ДА СЕ ДВИЖИ ВО ГРАНИЦИТЕ ОД pH 6,8 ДО pH 8,5.
СКАЛАТА НА pH вредноста (моќта на водородот) се движи од pH 1 до pH 14 Од pH 1 до седум се смета за кисела средина, додека од седум до pH 14 база или алкална средина. неутрално е pH 7.
Високата киселост pH под 2,5 прави непоправлива штета на кожата. Додека високата алкалност pH над 11 ги иритира очите, коќата и слузницата на органите.
НЕОРГАНСКИ ХЕМИСКИ МАТЕРИИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ
КАКО НЕОРГАНСКИ ХЕМИСКИ МАТЕРИИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ НАЈДАТ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ СЕ-
АЛУМИНИУМ, АНТИМОН, АРСЕН, БАКАР, БАРИУМ, БОР, ЦИЈАНИД, ЦИНК, ФЛУОР , КАДНИУМ, КАЛЦИУМ, КАЛИУМ, МАГНЕЗИУМ, МАНГАН, НАТРИУМ,ОЛОВО, ЖИВА
* АЛУМИНИУМ Al – дозволена концентрација е 0,2 мг/л. Во поголема количина негативно влијае на функциите нанервните клетки од мозокот.
* АРСЕН As – неговото присуство во водата го предизвикуваат отпадоците од фармацевската индустрија, индустрија за бои и употреба на пастициди. ПРЕМНОГУ Е КАНЦЕРОГЕН. Акутно труење со арсен предизвикува промена во нервниот систем, органите за варење и дишните органи.
* ЦИЈАНИД – се јавува како последица на индустрискиот отпад во водата. Спаѓа во многу отровниматрии. Максимално количество во водата за пиење изнесува 0,05 мг/л. Присуството на цијанид во водата доведува до промена во тироидната жлезда, нервниот систем и органите за варење.
* ФЛУОР F – Максимална дозволена вредност на флуорот во вода за пиење изнесува 1,2 мг/л. Поголема количина предизвикува флуороза на коските (вредност поголема од 6 мг/л. Количина над 2 мг/л доведува до флуороза на забите (промена за забниот камен). Поголема количина од 6 мг/л можи да предизвика и смрт.
* ОЛОВО Pb – Максимална дозволена вредност на оловото во вода за пиење изнесува 0,01 мг/л. И тој спаѓа во групата на многу отровни материи, а предизвикува КАРЦИНОМ. Труењето со олово предизвикува полинеуритис (запаление на нервите), енцефалопатија (заболување на мозокот), анемија, пореметувања во желудникот и цревата.
* ЖИВА Hg – Максимална дозволена вредност на Жива во вода за пиење изнесува 0,001 мг/л Во поголема количина го оштетува нервниот систем и мозокот, срцевиот мускул, доведува до проблеми со бубрезите и моќните канали, негативно влијание има на кожата и предизвикува паѓање на косата.
* КАДНИУМ Cd – Спаѓа во канцерогени материи. Се акомулира во бубрезите. Биолошко време на полураспаѓање се движи ос 10 до 35 год. Се јавуваат класични бубрежни симптоми – проблеми, додека во мокраќата (урината) има присуство на белковини и шеќер.
* АЗОТНИ МАТЕРИИ – од здравствен аспект гледано во водата проблеми прават нитратите и нитритите како и амоњакот.Нитрати односно нитритите који настануваат од нитрати се причинител на метхемоглобинемија најопасно за бебињата до три месеци. Појавата на нитрати во водата предизвикува нејзин лош квалитет. Спаѓаат во групата канцерогени, отровни и мутагени материи. Присуството на амоњакот во водата ни алармира дака нетретираната вода е загадена и несоодветно третирана.-дезинфицирана. Влијае негативно на мирисот и вкусот на водата.
ОРГАНСКИ МАТЕРИИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ЧОВЕЧКОТО ЗДРАВЈЕ
ОД ОРГАНСКИТЕ МАТЕРИИ КОИ СЕ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО ТРЕБА ДА СЕ ПОТЕНЦИРААТ –
АРОМАТИЧНИ ЈАГЛЕВОДОРОДИ, БЕНЗОЛ, ПИРЕН, ХЛОРОВАНИ ОРГАНСК МАТЕРИИ, АКРИЛАМИД И ЕПИХЛОРХИДРИН
БЕНЗОЛ доказано е канцероген. Предизвикува хематолошки промени вклучувајќи и леохемија. Покрај канцерогените има и мутагени својста.
ВИНИЛХЛОРИД е хлориран етен со минимална дозволена концентрација. Докажано е канцероген. Најповеќе ги напаѓа црниот џигер, мозокот, плуќта и лимфните жлезди.
ДИХЛОРЕТАН е најопасен за здравјето. Многу е отровен, а се вбројува во групата канцерогени и мутагени материи.
ПЕСТИЦИДИ – максималната дозволена концентрација е 0,03 мг/л што кажува за нивното негативно влијание врз здравјето. Алдрин, дијелдрин, хептахлор, и хлордан во прв ред го оштетуваат централниот нервен систем и црниот џигер. И тие спаѓаат во групата канцерогени и имаат голем потенцијал на биокумулација.
СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИФЕКЦИЈА И НУС ПОЈАВИ ОД ДЕЗИФЕКЦИЈАТА
За решавање на бактеролошката исправност на водата се користат повеќе средства за дезинфекција и тоа – хлор, флуор, озон, сребро, температура и УВ дезинфекција.
На нашиве простори најповеќе се користи хлорот или озонот. Како најпознати нис појави на хлорисувањето се трихалометани, бромофор, хлороформ, дибромхлорметан и бромидихлорметан.
Трихалометани – настануваат со врзување на хлорот со органските материи кои ги има во водата. Во водата за пиење има најповеќе хлороформ. Канцероген е предизвикува рак на бубрези. Бромад – настанува во текот на хлорисувањето и озонинација, а спаѓа во групата канцерогени и мутагени.
Присуството на трихалометани во водата и опасно по здравјето. Сите имаа кумулативна, отровна, канцерогена и мутагени својства.
Статистичките подотоци алармираат дека луѓето кои колсумираат пијат хлорирана вода во поголем процент заболуваат од карцином на органите за варење особено рак на дебело црево, додека женската популација која пие хлорисана вода во 40 % од случаевите заболува од рак на дојката. Поголемото присуство на хлор исто така можи да доведо до пореметување на функцијата на црниот џигер и бубрезите, иритирање на слизницата особено на очите. Кожата е иритира, дехидрира и го забрзува процесот на стареење
МИКРОБИОЛОШКИ АСПЕКТ
Инфективните болести ги предизвикуваат патогените бактерии, вируси и протозоама или паразитски кои се и најпроширениот ризик за зрдавјето, врзан во водата за пиење. Патогени кои се предизвикувачи – причинители за појава на болест кои се присутни во водата се: salmonella ssp, shigella ssp, pathogena escherichia choli, vibrio cholerae, campylobacter jejuni, virusi heapatitisa A, coxaki, paraziti, girardia, antameba, и др.
Најчестите лабораториски испитувања на водата за пиење како причинител ги потенцираат фекалиите( поплави, септички јами) Присуството на бактерии и вируси, фекални загадувачи во водата за пиење не се дозволени.
Присуството на аеробни мезофилни бактерии во 1 л вода максимално изнесува 100/лмл. Овие бактерии кои воглавно се наоѓаат во воздухот во поголема количина во водата мозат да предизвикаат превни проблеми како пролив, грчеви и повраќање). Подолготрајно користење – пиење на таква вода го намалува имунолошкиот систем на организмот.
РАДИОЛОШКИ АСПЕКТ
Концентрација на радиоактивни честитки можи да биде предизвикана од нуклеарно гориво, во медицината каде се употребуваат радиоактивен материјал, вадење на руда, нуклеарни проби, никлеарни енергетски постројки.Како најопасни радиоактивни елементи се бројат уран, радон и стронциум. Промените во организмот се случуваат во јадрото на клетката. Најосетливе се лимфоцитите, слузокожата, кожата, и ендоел (внатрешниот слој од крвните садови), врзивно, мускулно и нервно ткиво. Влијанието на радиоактивните материи кои се јавуваат како симптоми се малаксаност, губење на апетит, мачнина, поспаност и раздразливост. Понатака настанува промена во крвта лимфопенија (смалување на лимфоцитите), леукопенија (смалување на леукоцитите ), анемија (слабокрвност ) некроза на коските, леокемија, и пад на целиот имунолошки систем на организмот.
КАКО ДА ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ?
ДАЛИ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ?
ЗА ЖАЛ НЕ ПОСТОИ.
- Од повеќе годишното работање и добивање информации од контактите, пратење литература, информации од стручни лица, доктори можиме да заклучиме дака водата неможи да ја замени ниедна друга течност ни по својот физичко – хемиски состав ни по физиолошки.
Сето досега кажано ќе го резимираме.
Со пронаоѓањето на струјата почнува нова револуција во развојот на целото човештво. Сите индустриски гранки доживуваат експанзија и голем напредок. Исто така енормниот раст на населението кое до пред 100 год. броело 1.милијарда жители денес живеат 7 милијарди што значи сите навики се променаа, потребите станаа големи. Се почна со телевизори во црно бело, фрижидери, машини за перење алишта, фиксни телефони, автомобили да денес имаме огромен луксуз. Лап топи, мобилни, таблети. Се е во ред дури тие нас ни служеа, сега ние им служиме нив Техниката има власт над луѓето.
Денес маркетингот е најјакото оружје и компаниите кои се занимаваат со пласман на техника се доста моќни не бомбардираат со постојани реклами тргнувајќи не од основните потреба како луѓе. Не сме ние научени да живееме со техника. Секој ден нашите деца ќе го плаќаат данокот на напредното време. (заборавија да се дружат, да играат, дебелината со тоа и појава на болести е се поприсутна.конзумитање на нездрава храна)
Зошто ова кратко резиме. Природата ни враќа по природните закон третиот Њутнов закон Акција – реакција е добар пример за тоа.
Колку одиме навидум напред толку се само уништуваме. Директно сме виновни за сите загадување во природата. Успеавме да направиме озонска дупка, воздухот го загадивме, почвата ја закиселивме, водата е загадивме. Сега не можиме да се справиме со предизвиците.
ЌЕ СЕ ЗАДРЖИМЕ НА ВОДАТА
Овој природен ресурс станува сè поредок на одредени места и неговата достапност е голем социјален и економски проблем. Моментално, околу 1 милијарда луѓе ширум светот редовно пијат загадена вода. На 29. средба на средбата во 2003 година, повеќето земји ја прифатија целта до 2015 да се преполови бројот на луѓе ширум светот кои немаат пристап до безбедна вода за пиење и санитација. Иако ова е цел која тешко може да се достигне, веројатно е дека повеќе од половина милијарда луѓе ќе останат без пристап до безбедна вода за пиење и повеќе од милијарда луѓе без пристап до соодведна санитација. Слабиот квалитет на водата и лошата санитација се смртоносни. Околу 5 милиони смртни случаи се последица поради загадена вода за пиење. Светската здравстена организацијапроценува дека безбедната вода би можела да спречи 1,4 смртни случаи на деца од дијареа секоја година.
Но, водата не е исцрплив ресурс, туку се рециклилира како вода погодна за пиење преку дождови во многу поголеми количества од човековата потрошувачка. Поради тоа, прилично малото количество на водни резерви на Земјата (околу 1% од нашата вода за пиење, која се надополнува преку водоносни слоеви секои 1 до 10 години) е необновлив ресурс. Поретка е дистрибуцијата на вода погодна за пиење и наводнување отколку количеството кое постои на Земјата. Земјите кои немаат вода го користат увозот на добра како првичен начин за увоз на вода, бидејќи производствениот процес користи околу 10 до 100 пати вода од масата на производите.
Во земјите во развој, 90% од отпадите води сè уште непреработени се вливаат во локалните реки и потоци. Околу 50 држави, со прилика третина од светското население, исто така страдаат од среден или висок воден притисок и 17 од нив годишно извлекуваат повеќе вода од колку што се надополнува со природниот воден циклус.Притисокот дејстува не само врз телата со свежа вода како реки и езера туку и го намалува квалитетот на подземните водни ресурси.
МНОГУ луѓе купуваат флаширана вода за пиење особено минералните води. Што се случува со употреба на минералните води?
Минералните води не се замена за чистата вода за пиење. Лекарите препорачуваат најмногу 2 дл дневно и тоа би требало да се менува компанијата секој ден, а тоа важно поради составот на минералите. Во маркетите, колонијалите, имаме голем избор на води со различен минерален состав од тврди богати со калциум и магнезиум, меки и др.
Нашите клетки минералите ги колсумираат преку намирниците. Минералите се од неорганско потекло , но во синџирот на исхрана билките ги земаат од земјата и со помош на сончевата светлина и хлорофилот ги трансформираат (процес на фотосинтеза). Само тие минерали му се потребни на човекот поточно најдобро ги искористува нив. Минералите од водата се само баланс и тие во зависност од генетиката и предиспозицијата на организмот и самиот неговиот имунитет тие некаде се таложет. Обично страдаат бубрезите, жолчноте кесе (правење на камен) или се таложат на нервниот системи и мозокот.
Луѓето кои во исхраната консумираат повеќе масти, калциумот и магнезиумот се врзуваат со маснотиите и се таложат по зидовите на крвните садови, што предизвукува појава на атероматозни наслаги и стеснување на луменот на крвните садови. Како последица се јавува висок крвен притисок, проблеми со видот, инфаркт на срцето, плуќата или мозокот.
Минералните води спаѓаат во категорија на бански води. Во организмот можат да предизвикаат и некои хемиски процеси.