Превентива е да се храниме со намирници кои се повеќе алкални (базни), а помалку кисели. Поточно овошје и зеленчук.
Сите истражувања што се прават последниве децении водат до заклучок дека навиките за колсумирање нездрава храна, а со тоа и закиселувањето на организмот се наша секојдневна реалност.
Сведоци сме на се поголеми деформитети (дебелеење) кај најмладата популација, појава на дијабет, како и зголемени мозочни удари, инфаркти, појава на карцином, појава на хроночен стрес, депрасија, а се помалку движење, пиење здрава вода и колсумирање здрава храна.
ВНЕСУВАЊЕТО НА ЧИСТА ВОДА ВО ОРГАНИЗМОТ Е ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИОТ ОРГАНИЗАМ ОД ПРОСТА ПРИЧИНА ШТО НЕ СМЕЕМЕ ДА МУ ДОЗВОЛИМЕ НА ОРГАНИЗМОТ ДА БИДЕ ДЕХИДРИРАН.
Откако храната ќе се свари во нашиот организам, добиваме извештај од бубрезите дали тоа што сме го јаделе е кисело или алкално.
БУБРЕЗИТЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА РАВНОТЕЖАТА НА ФЛУИДОТ И ОДРЖУВАЊЕ НА РЕЛАТИВНОТО НИВО НА НЕУТРАЛНА ВРЕДНОСТ НА рН ВО ТЕЛОТО.
Кога консумираме кисела храна таа веднаш ја смалува рН вредноста во телот. Бубрезите ја координираат работата како таа киселост би се неутрализирала. Коските ослободуваат калциум и магнезиум за да се воспостави алкалноста, додека мускулите се разложуваат да произведат амоњак кој е премногу базен.
Кога оваа реакција ќе се заврши во нашето тело, минералите од коските и разложените елементи од мускулите се исфрлаат преку урината.
На долги патеки, преголемата киселост доведува до смалување на коскената маса и намалување на мускулната маса. По тврдењата на dr Antoni Sebastijan од Универзитетот во Калифорнија. Исто така треба да се напомене дака со губењето на калциумот и магнезиумот се јавува дефицит во организмот со што можат да се јават многу други здравствени проблеми. Ниското ниво на магнезиум можи да предизвика грчеви во мускулите, аритмија и анксиозност.
ДО ШТО ДОВЕДУВА ПРЕГОЛЕМАТА КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ?
За кисела храна се смета онаа храна која после сите метаболистички процеси во организмот произведува помал рН односно кисел. Треба да се спомене и тоа дека храната иако може да биде кисела по вкус не мора да значи дека автоматски се закиселува организмот. Пример лимонот и патлиџанот се кисели, но тие во организмот произведуваат алкална средина кога ќе стигнат во бубрезите.
- Конзумирање на големи количини на животински протеини (вклучувајќи црвено месо, живина и риба) ослободува сулфуричка киселина метаболизмот на амино киселини со сулфур исто така, придонесува да се зголеми киселоста. Киселоста може да се неутрализира со зголемена потрошувачка на овошје и зеленчук (богата со калиум бикарбонат).
- Житни култури како пченица, ‘рж и пченка, исто така, предизвикуваат кисел ефект, без разлика дали во форма на бел леб, житарки, тестенини или целото жито производи.
- Конзумирање на премногу сол (натриум хлорид) е исто така придонесува за киселост на организмот. Хлориди произведуваат киселост. Хлорид, исто така, ги стеснува крвните садови и стеснатите крвните садови ја намалува циркулацијата.
- Целото тело е зависно од здравата циркулацијата, вазоконстрикција придонесува за срцеви заболувања, мозочен удар, деменција, а веројатно и сите други дегенеративни болести.