С Е Д И М Е Н Т Н И Ф И Л Т Р И
Ш Т О К О Р И С Т А Т Н А Ш И Т Е С И С Т Е М И
(МЕХАНИЧКА ПРЕД ФИЛТРАЦИЈА.)
Кои филтри се подобри оние изработени од: полипропиленски жици или од полипропиленски влакна? Која е разликата во пракса?
Филтрите од полипропиленски жици се изработени од чист полипропилен двојно испреплетени на тој начин што густината се зголемува кон центарот филтерот. Тие се дизајнирани за примарна филтрација на суспендирани честички, и седименти, кои можат да ги оштетат грејните тела и апаратите за домаќинство. Тие ги запираат седиментите со големини од 1 до 100 микрони. Овие филтри се последната генерација на механички филтри и отстрануваат: рѓа, и други седименти кои се наоѓаат во водата од чешма. Се карактеризираат со голема абсорпција на загадувачи.
Филтрите од полипропиленски влакна содржат микро-меури, и се отпорни на хемикалии и недозволуваат развој на микрорганизми. Специјалната технологија на производство обезбедува прецизна филтрација на седименти со големина од 1 до 50 микрони. Зависно од филтерот големината на отворите во микрони може да биде: 1, 5, 20 и 50 микрони. Во споредба со филтрите од полипропиленски жици филтрите од полипропиленски влакна можат да се распаднат.Ова предизвикува пад на притиокот, што е знак дека филтерот треба да биде заменет.