Постојат голем број на механички пред филтри кои претежно се наменети за погруба филтрација (муљ, песок, ситни камчиња, листови и сета површинска механичка нечистотија особено онаа која се појавува во чешмите после некоја хаварија). Истите можат да бидат со разни големини и капацитет. Овде само ќе спомниме некои од нив, дел се во специјални БИГ БЛУ филтри. Влошките можат да бидат од различен материјал и со различен отвор. Има поединечни механички предфилтри и комбинирани и во линија поставени филтри. Еден од повеќе препорачливите линии се механички претфилтер со влошка што се пере и филтер со полифосват за омекнување на тврдината на водата. Се монтира на влез и ги штити цевките и целата инсталација и греачи во домаќинствата. Постојат и индустриски пред филтри со голем капацитет кои се изработуваат по нарачка.
ГЛАВНАТА ПРЕДНОСТ НА МЕХАНИЧКИТЕ ФИЛТРИ Е ВО ИЗДРЖУВАЊЕ НА ГОЛЕМ ПРИТИСОК, СИГУРНО СМЕ ЕДНА ОД РЕТКИТЕ ФИРМИ ВО СВЕТОТ КОИ МОЖИМЕ ДА СЕ ПОВАЛИМЕ СО ВАКОВ КВАЛИТЕТ.