Б У Н А Р С К И В О Д И !!!
Бунар е ископана дупка во земјата која служи за собирање на подземна или површинска вода.
Имајќи во предвид дека кај нас бунарите или бушотините се уште се користат сакаме да дадеме една анализа за бунарската вода. На пазарот постојат голем број на филтри па за нивен правилен избор можат да се понудат од механичка филтрација, јоноизменувачки, КДФ, активен јаглен, УВ стерилизација, за дообработка РО СИСТЕМИ треба да се знае и намената на водата.
Во принцип за секоја вода има решение и истата можи да се донесе до бараното ниво. Според длабочината на бушотината истата можи да биде.
ПОВРШИНСКИ бунари кој што можи многу лесно да се загади без разлика на првичниот квалитет на водата.
ПОДЗЕМНИ длабочински бунари се сметаат нешто подобри од претходните.
З А Д О Л Ж И Т Е Л Н О !!!
Без разлика дали водата ќе се користи само техничка или за пиење истата на истата треба да и се направи испитување Физичко-хемиска анализа, бактеролошка анализа и тоа од соодветни лаборатории за таа намена со серсификат. Ова е потребно бидејќи и техничката вода можи да биде загадена и да предизвикува загадувања.
Исто така и по монтирање на филтрите или колоната на филтри треба да се направи анализа на водата особено ако е таа за пиење.
Во поголем број случаеви секоја изворска вода, бунарска, дождовница или друго ако не е третирана од страна на државна институција се смета дека не е безбедна за пиење и дека е опасна по здравјето на човекот.
Во зависност од реонот на испитувањето еден дел се забележани присуство на калциум Ca и Mg (CO3) магнезиум карбонатите (тврдина на водата), железото Fe и Mn манганот исто така Амоњак во било која форма (NH3, NH4), нитрати и нитрити (NO3, NO4), Жива, Арсен, Алуминиум високо ниво на органски материи (потрошувачка на KMnO4), биолошки загадувања како колиформи, колифорни бактерии од фекално потекло, псеудо, аробни мезофили, ешерихија коли, блато, муљ, кал, песок и многу други загадувачи и супстанции.
Исто така треба да се внимава дали во близина има рудници кои по состав на земјиштето можат да бидат големи загадувачи и штетни, како и тешки, хемиски индустрии кои имаат опасни отпадни материи, а немаат соодветни складишта за отпад кои можат да допринесат за загадување на бунарите.
СВЕДОЦИ СМЕ ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ДЕКА СЕ ПРЕПОРАЧУВА КАКО ДОХОДОВЕН БИЗНИС ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА. ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ Е ВО ВРЕМЕТО НА ПОДГОТОВКА НА ЗЕМЈАТА ПОТОЧНО ИСТАТА НЕ ТРЕБА ДА Е ОБРАБОТЕНА 2 ДО 3 ГОД. ПЕРИОД КОЈ СЕ РАЧУНА АКО БИЛА ЗЕМЈАТА ОБРАБОТЕНА СИГУРНО СЕ УПОТРЕБЕНИ ХЕМИКАЛИИ ЗА КОИ Е ВРЕМЕ ПОТРЕБНО ИСТИТА ДА СЕ ОДСТРАНАТ. ДАЛИ МОЖИ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ Е ПРАШАЊЕ. ЌЕ СЕ ЗАДРЖИМЕ НА ОВАА ТЕМА СО ПОСЕБЕН ОСВАРТ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ХЕМИКАЛИИТЕ ВРЗ ПОВАРШИНСКИТЕ, ПОДЗЕМНИТЕ И ИЗВОРСКИТЕ ВОДИ.
КИСЕЛИТЕ ДОЖДОВИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОБЛЕМПРОБЛЕМ НА ТЕМАВА.!!!
Н А Ј С О В Р Е М Е Н И Т Е З А Г А Д У В А Ч И Н А В О Д А Т А
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ НИЕ, ПОСЕБНО НАШИТЕ ДЕЦА, НАШИТЕ ВНУЦИ, ИДНИТЕ ПОКОЛЕНИЈА ???
П Е С Т И Ц И, ХЕРБИЦИДИ, ИНСЕКТОЦИДИ
Ова е приоритетно прашањето затоа што е алармантно навлегувањето на пестицидите во водениот систем. Имано пестицидите се вештачки, селективно отровни (токсични) соединенија наменети да ги заштитат економски значајните растенија и животни од разни болести, плевели, штетни инсекти и други штетни организми кои го намалуваат квалитетот и квантитетот на приносот. Според тоа се делат на инсектициди, ротентициди, хербициди, лиманициди, акарциди, и фунгициди. Но особините што ги прават овие пестициди ефикасни во контролата на штеточините ги прават опасни за другиот животински свет дури и за човекот.
Причината е
- Се поголемата резистетност на штеточините поради што се повеќе се зголемува употребената количина.
- И на долгото бреме POP’ s Persistent Organic Pollutans) на распаѓање на пестицидите кое може да трае со денови, години, децении. (Пр. кај нас Кочани оризот, Ресен јаболката, Св. Николе Алуминиум, Гевгелија, арсен, Охрид планктон и др,
Сето тоа овозможува тие да навлезат во водениот систем (површинските и подземните води) и во ланецот на исхраната, така да податоци покажуваат дека траги од пестициди (ДДТ кој е забранет од 1969 год) се најдени во животинскиот свет на Антартикот, па дури и се најдени траги од мајчиното млеко. Во прилог на ова ќе укажиме и каква е штетноста од пестицидите. Научните студии укажуваат дека има два вида на токсичност
- АКУТНА со ефект кој се гледа веднаш поради употребата на голема концентрација на пестициди – иритација на очите, оштетување на кожата, оштетување на дишните органи и труење.
- ХРОНИЧНА со ефект после долготрајно изложување на токсичност на пестицидите – намален имунитет(почести настинки и инфекции), дефекти при раѓањето, генетски оштетувања, забрзано стареење на некои органи, зголемени невролошки оштетувања и оштетувања на еднокриниот систем, па и зачестени канцерогени заболувања
Нас конкретно не интересира водата како главен ВИНОВНИК за распростанувањето на пестицидите. Имено повеќето од хемикалиите се употеребени преку почвата (наѓубрување) или воздухот (распрскување) но сепак со растварање и преку процедување низ почвата завршуваат во подземната вода од каде потоа поминуваат низ целиот хидрогеолошки циклус. Значи, дека ниту изворската вода веќе не е лишена од присуство на загадувачи. Затоа е потребно постапките за прочистување да бидат ефикасени. Доказ за тоа е и податокот дека се појавил случај на пронајдени пестициди во флаширана вода при анализа на 17 брендови за флаширана вода од страна на POLLUTION MORITIRING LABORATORY во Њу Делхи – Индија.
Со анализи е дојдено до заклучок дека при третман на водата траба да се знае точно кој пестицид сакаме да го отстраниме и да имаме и да имаме во предвид дека секој метод не ги отстранува пестицидите со еднаква ефикасност. Конвенционалните третмани за вода во комуналните водени системи , како што се коагулација, флокулација, и седиментација не ги отстранува пестицидите од водата за пиење. Додека пак со дезинфекцијата (хлор, хлорамин, озон, и хлордиоксид) и омакнување на водата кои исто така вообочаено се применуваат се врши трансформација на пестицидите т.е се отстрануваат или разградуваат до нови продукти.
Но техниките на третмен со јаглен (во прав или во гранули) и реверзната осмоза се покажале како високо ефикасни методи во отстранување на пестицидите.
загадена вода со пестициди.
Врз основа на податоците од EPA (ENVIROMENTAL PROTECTION ASSOSIATION) се покажало дека со отстранување на повеќето пестициди (пр. Триазини, органохлорни, и др видови.) со тенок композитен филм се отстрануваат со 90-100 % ефикасност. И покрај примената на овие техники при прочистување на водата, прашање е зошто се уште се присутни пестицидите во флашираната вода.? Или произведувачите на флаширана вода не ги користеле како треба пречистителните техники или пречистувале само дел од водата а тоа треба да се укаже пред се дека е важна контролата на квалитетот на производот. Посебно во послабо развиените земји , а посебно за водата како една од најнеопходните работи за живот. Но пред се внимавајте во употребата на пестицидите . Нивната употреба треба да се сведе на количините пропишани со Столкхомската конвекција која претставува Глобален договор за заштита на здравјето на луѓето и животната средина од перзистени органски загадувачи Со кој се регулира контролата, редукцијата, и елиминацијата на 12 POP’s хемикалии. ТОА ШТО НИЕ СЕГА ГО ЗАГАДУВАМЕ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ИМААТ НАШИТЕ ПОКОЛЕНИЈА
ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА БУНАРСКАТА ВОДА
ИСТАТА ТРЕБА ДА СЕ ФИЛТРИРА ВО СИТЕ СТЕПЕНИ НА ФИЛТРИРАЊЕ И ТОА ПОЧНУВАЈЌИ ОД …
МЕХАНИЧКА ФИЛТРАЦИЈА ПЕСОК,КАЛ, МУЉ,
ФИЛТРИ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ФИЛТРАЦИЈА, ОСТРАНУВАЊЕ НА МИРИС, БОЈА, БАКТЕРИИ, ТЕШКИ МЕТАЛИ, ТВРДИНА.
ДО УВ ФИЛТРАЦИЈА ИЛИ ХЛОРИРАЊЕ.
ДЕЛ ОД ФИЛРТРИТЕ КОИ ВИ ГИ НУДИМЕ Е НОВАТА БИГ -БЛУ ЛИ
ДЕЛ ОД СПЕЦИЈАЛНИТЕ ФИЛТРИ
КДФ ФИЛТЕР, ЖЕЛЕЗО МАНГАН И ДР, ТВРДИНА ОД ВОДАТА