ОПИС НА РАБОТА НА УРЕДОТ
Водата за пиење од водоводот влегува во првиот претфилтер со полипропиленска мембрана (20 микрони), кој по механички пат ја отстранува земјата, калта, крупниот и ситниот песок и другите нечистотии кои се раствораат во водата, а кои се поголеми од 20 микрони.
После тоа водата влегува во вториот претфилтер – тип 9CVCA со активен јаглен од висок квалитет кој го апсорбира хлорот и хлорофенолот по хемиски пат.
Потоа водата оди во третиот претфилтер – тип PX 05со полипропиленска мембрана (5 микрони) во кој се отстрануваат нечистотиите поголеми од 5 микрони.
Од третиот претфилтер водата влегува во главниот филтер со полупропустлива мембрана.
Под влијанието на притисокот, со процесот на обратна осмоза, главниот филтер ја чисти водата од соединенијата на солите на тешките метали, вирусите, бактериите и од други нечистотии поголеми од 0,0005 микрони.
Од главниот филтер прочистената вода, со дотек кој се регулира со автоматската завртка, влегува во резервоарот под притисок, а од него водата оди во крајниот јаглено-полипропиленски филтер кој го подобрува вкусот на водата за пиење пред директната употреба.
ШЕСТИ СТЕПЕН ОПЛЕМЕНУВАЧ – МИНЕРАЛИЗАТОР АИМРО • Водата е збогатена со минералите потребни за човековиот организам. • КАТЈОНИ : Ca 34 mg/l, Mg 12mg/l, Na 22 mg/l i K 8,5 mg/l • АНЈОНИ : CO 20 mg/l, SO 0,3 mg/l, Cl 0,8 mg/l. F 0.06 mg/l • ЈА ПОДОБРУВА ПХ ВРЕДНОСТА • Составен од полипропиленско влакно.
Отстранетата нечистотија во форма на т.н. валкана вода истекува од филтерот со посебен излив во канализацијата