HB20-HHBB20B -20” Big Blue систем за филтрирање
HB20-HHBB20B -20” Big Blue ин лајн системот за филтрирање вклучува метална платформа
3 х 20“ Big Blue филтри
2 х мерачи на притисок (влез и излез)
Системот е опремен со 20“ Big Blue куќишта за филтри во сина боја кои го штитат филтерот од појава на фотосинтеза во случај системот да се поставува на место кое е изложено на сонце. Новиот иновативен дизајн на затвореното куќиште за филтерот има заоблено дно кое значително ја зголемува отпорноста на притисок(базирано на тестови за излив). Куќиштето е опремено со сигурносни вентили кои овозможуваат испуштање на заостанатиот воздух кој се наоѓа во филтрите при промена на филтрите.
Во зависнот од нивото на загаденоста на водата, системот може да се конфигурира со седименти филтри и јагленски филтри или специјални Big Blue филтри.ОМЕКНУВАЊЕ, ЖЕЛЕЗО, КДФ ЛЕГУРИ НА БАКАР И ЦИНК.
HB20-HHBB20B не смее да се употребува за филтрирање на вода која е микробиолошки загадена или на вода со непознато потекло
Системот е компатибилено со повеќето 20“ Big Blue филтри достапни на пазарот
- Информации за производот * Број на моделот HB20-HHBB20B
- Димензии (В Ш Д) 720 х 540 х 220
- Адаптер за спојување (инч) 1
- Работна температура °C 2-45
- Максимален работен притисок 6 бари
КДФ медиум и неисплетен полипропилен.
КДФ медиумот се употребува во специјални видови филтри и заштитува од развивање на бактериска флора (бактериостатски) во внатрешноста на филтерот. КДФ медиумот исто така ги намалува концентрациите на тешките метали во водата (арсен, кадмиум, олово, жива) и железо, сулфуроводород и ги отстранува пестицидите.
Кокосовите школки со активен јаглен кои се користат во филтрите ги отстрануваат хлорот од водата, растворенит супстанци и ароматичните јаглеводороди (го подобрува вкусот и мирисот) и фенол, бензен, и органски супстанци. Неисплетениот полипропилен ги отстранува седиментните нечистотоии од водата, како што се: песок, тиња, рѓа, суспендирани честички. Исто така создава бариера која го заштитува филтрирачкиот медиум од измивање. Поради овие карактереистики овој филтер може да се постави директно пред филтрацијата низ порозни влакна.
Предности на производот
Содржи активен јаглен и КДФ медиум
Отстранува тешки метали(арсен, кадмиум, олово, жива)
Отстранува соединенија на железо и сулфуроводород
Отстранува пестициди
Отстранува до 99% од слободниот хлор од водата
Отстранува органски супстанци
Отстранува феноли и бензен
Отстранува седиментни нечистотии (рѓа, песок, тиња, суспендирани честички)
Ги подобрува вкусот и мирисот
Овие филтри се опремени со краен филтер кој ги заштитува сите поставени медиуми од измивање
Информации за производот
Број на моделот микрони димензии (инчи) раб темп ц рок на употреба(м)
FCCBKDF 47/8х21/2 2-45 6-12
Употребата на филтерот зависи од нивото на загаденоста на влезната вода.
- Модел FCCST
FCCST сериите од филтри се исполнети со јоноизменувачки медиум за омекнување на водата. Хемискиот процес на замена на јоните на калциум и магнезиум со јони на натриум ја елиминира тврдината на водата. Водата со висока концентрација на јони на минералите на калциум и магнезиум (така наречената тврда вода) предизвикува флеки на садоперот и ги оштетува домашните садови како: чајници, машини за миење садови, машини за перење, и ја зголемува нивната потрошувачка на електрична енергија.
FCCST сериите не смее да се користат за вода која е микро биолошки загадена или за вода со непознато потекло.
Карактеристики:
Дејствува како омекнувач за вода
Спречува да има флеки на: садови за јадење, чаши, сребрен прибор и садопери.
Ги заштитува машините за перење, и машините за миење садови од оштетувања предизвикани од тврдата вода
Ја зголемува ефикасноста на детергентите до 30%
Опремен е со краен филтер кој ги заштиува честичките од медиумот за филтрирање од измивање Внимание!!
Количината на полнењето на филтерот е избрана да обезбеди оптимална работа за употреба од 3-6 месеци.
Долготрајното чување на филтерот на суво и топло место, предизвикува сушење на јоноизменувачот и како последица ќе се намали неговиот волумен. Исушеното полнење после намокрување со вода ќе го зголеми својот волуме и ќе ги регенерира сите свои параметри.
- НОВО СПЕЦИЈАЛНИ Big Blue ФИЛТРИ
- Модел FCCB KDF
FCCBKDF серијата на филтри исполнети со кокосови школки активен јаглен.
НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА КДФ –
НАПРЕДОК ВО ФИЛТРИРАЊЕТО НА ВОДАТА ЕДНА ОД НАПРЕДНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ Е КДФ ТЕХНОЛОГИЈАТА
Со истражувањата да се дојди до посовршен начин на филтрирање на водата, се чини дека КДФ технологијата се наметна сама од себе кој можи да се употребува коко пред третман на водата, а во некои случаи можи да биде и главен тртман на водата.
ШТО Е ТОА КДФ ?
КДФ е високо прочистувачка легура на Cu – Zn (бакар и цинк) поточно формула која ги редуцира загадувачите со употреба оксидациско – редукциска (редокс) реакција.
КДФ технологијата преку хемиска реакција ги разменува електроните помеѓу молекулите на легурата и загадувачите претворајќи ги во безопасни компоненти.
На пример Cl (Хлорот) се трансформира во растворлив хлорид, Растворливите железни катјони се трансформираат во нерстворлив железо хидроксид и хидроген сулфидот е трансформиран нерасторлив бакар сулфид. Сите добиени нерастворливи продукти лесно се одстарнуваат со периодично промивање. Легурата е идеален додаток на гранулиран активен јаглен, бидејќи јагленот го отстранува хлорот од површината хемиски, што всушност им овозможува на бактериите да се развијат. Но легурата со помош на редокс процесите создава електролитичко поле што е смртоносно за некои микроорганизми. Исто така создава и хидроксилни радикали и водороден пероксид кои го намалуваат дејството на некои други микроорганизми. Практично го зголемува капацитетот на јагленот што е многу важно бидејќи тој не е рециклирачки, а легурата е.
Легурата како најефикасна се покажала при прочистување на хлорот , тешките метали, железото, водородниот сулфид и во контрола на микроорганизмите во водата за пиење без употреба на хемикалии.
ЖЕЛЕЗО (Fe), една петтина од земјината кора е составена од железо. Како што дождот ја наврнува замјата, тој ги растворува и ги носи во резервите на подземната вода. Токму ова железо е т.н. чисто железо. Кога оваа вода ќе дојде на површината на земјата и доаѓа во контакт со кислородот од воздухот, чистото железо оксидира и преминува во кафеав загадувач кој ги обојува тоалетите, кадите, алиштата и ги прави пиењето и готвењето со вода од чешма непријатно. Истовремено може да ја кородира и секоја метална површина со која доаѓа во контат(водоводни цевки, грејачии сл.)
За да се избегне кородирањето на водоводниот систем многу градови употребуваат полифосвати за да го апсорбираат раствореното железо. Но полифосватите всушност се други загадувачи и нивното дејство е специфично. Се распаѓа хемискиот комлекс од полифосватите и железото за време од 48-72 часа, или при високи температури.Затоа се препорачува можноста за одстранување на железото без користење на други хемикалии. Тоа го нуди КДФ процесот – кога раствореното железо доаѓа во контакт со КДФ легурата железото оксидира но останува во цврста состојба повторно. КДФ процесот е едноставен, не се додава никакви хемикалии во вашата вода за пиење и не е скап во однос на користење на полифосватите.
ХИДРОГЕН СУЛФИД
Се формира во подземната вода кога бактеријата ја разложува вегетацијата и другите органски материи. Дури и во концентрации помали од 0,01 ППМ(PPM) можи да се осети мирис на расипано јајце така да карактеристиката на хидроген сулфидот е многу очигледна. Освен карактеристичниот мирис треба да се укаже и на високата корозивност што може лесно да ги оштети проводните уреди како и домашните апарати. Постојат повеќе начини за отстранување на хидроген сулфидот од доводот на вода. Многу големи општини сметаат на вентилационите и дегасификационите системи што многу е скапо за мали јавни употреби. Друга алтернатива е да се употреби хлорот за да го изгоре (оксидизира) хидроген сулфидот претварајќи го растворлив во вода, без мирис, хидроген сулфат. За жал процесот троши огромна количина на хлор, изложувајќи се на опасноста од формирање на трихалоген метаните во количина над дозволениот лимит. Додека КДФ редокс легурата може да го елиминира хидроген сулфидот претварајќи го во нерастворлив сулфид, инертен, безопасен кој можи да се одстрани со физичка филтрација. Акомулираната количина на овој ресипиенд може да се исплакне од филтерот со обично миење.
Модел FCCBFE
FCCBFE сериите од филтри се исполнети со мешовина од два медиуми за филтрирање на вода (Бирм и Коросекс) кои ја намалуваат содржината на железо (нерастворливо и растворените јони) ги отстрануваат сулфуроводородот, лошиот вкус, мирисот и ја корегираат pH вредноста на водата.
FCCBFE сериите на филтри ги заштитуваат машините за миење садови, и машините за перење од оштетување од минералите на тврдата вода и од оставање на нечисти дамки на садоперот. Опремени се со краен филтер кој недозволува измивање на честичките од медиумот за филтрирање.
Карактеристики
- Ја намалува содржината на железо и сулфуроводород
- Спречува појавување на дамки на садоперот
- Ја корегира pH вредноста
- Ги подобрува вкусот и мирсот на водата
- Компатибилност со повеќето системи кои се монтираат под садоперот и системи со РО
- Опременост со краен филтер кој спречува измивање на честичките од медиумот за филтрирање.